Во организација на ЗСРК Патрмка – Струга, ЗРЛЕ Ловџија  – Струга и З.З. Охридска риба – Струга, утре ќе биде извршено порибување на долниот и горен тек на реката Црн Дрим и на акумулацијата Шпиље.

Според најавите на концесионерите, во водите на реката и акумулацијата ќе бидат пуштени 400 килограми млади пастрмки.

Порибувањето е законска обврска на концесионерите, чија задача меѓу другото, е и да се грижат и да го обновуваат рибниот фонд.

На порибувањето се очекува да присуствуваат претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Институтот за сточарство и надлежниот инспекторат.

OhridNews