Кошаркарската селекција на Црна Гора која е противник на Македонија на Евробаскетот во Словенија оваа година го натурализираше Американецот, Боби Браун.


Браун моментално настапува во екипата на Монтепаски, а сезонава во Евролигата бележи импозатни бројки зад неговото име. Со ангажирањето на Браун, Црна Гора го продолжи балканскиот тренд да се ангажираат црномурести кошаркари.

Македонија во составот го има незаменливиот Лестер Бо Мекклејб, а претходно боите на македонскиот дрес ги бранеа Маркиз Грин и Џеремаја Мејси.

Токму црногорците се првиот противник на избраниците на селекторот Алеш Пипан на Евробаскетот во Словенија.

Мх.П.