Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објави повик за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 18-25 јуни 2018 г.

 

На курсот можат да се пријават кандидати на возраст од 18 до 35 години.

Пријавувањето трае до 15 јуни во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч.

OhridNews