
Забавата се организира со поддршка од концесионерите на плажата „Куба Либре”, млечниот ресторан „Дра-го”, бутикот за облека „АЗАРО” и дигитал фото студио „Мики“.
Со оваа активност, охридскиот Црвен крст го започнува новиот циклус проекти за промоција на хуманите вредности. Енергијата на младите волонтери ќе биде насочена кон помош и поддршка на одредени целни групи во заедницата.
Ohridnews












