Денеска во плажа-бар “Куба Либре “ од 13 часот, општинската организација на Црвениот крст-Охрид ќе организира роденденска забава за дете кое досега немало можност да го прослави својот роденден со  другарите во угостителски објект.

Забавата се организира со поддршка од концесионерите на плажата „Куба Либре”, млечниот ресторан „Дра-го”, бутикот за облека „АЗАРО” и  дигитал фото студио „Мики“.

Со оваа активност, охридскиот Црвен крст го започнува новиот циклус проекти за промоција на хуманите вредности. Енергијата на младите волонтери ќе биде насочена кон помош и поддршка на одредени целни групи во заедницата.

Ohridnews