Претставници на тур-оператори, туристички агенции и новинари од Косово денес ќе престојуваат во организирана посета на Охрид, во рамки на промотивното патување „Туристичка Македонија, гледана од сосема друг агол“. Освен Охридската ривиера, косовските гости ќе ја посетат и Струга и ќе се запознаат со нејзините туристички капацитети.
Патувањето го организира Меѓународната канцеларија Инвест Македонија – Албанија и Косово, во соработка со воздухопловното друштво „Реисбиро“ од Приштина, ТАВ Македонија, општините Охрид и Струга, и компаниите „Ер Минхен“, „Скај Експрес” и „Лимак Косово“. Според најавите групата на косовски претставници ќе брои околу во 150 лица.
Економскиот промотор на Македонија за Албанија и Косово, Фатос Мустафа вели дека патувањето ќе почне од меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ и патниците ќе слетаат во аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Потоа со отворен туристички автобус ќе ги разгледаат охридските знаменитости, а патувањето ќе го продолжат во Струга. Предвидени се и средби со раководителите на повеќе хотели и туристички организации.
Целта на Меѓународната канцеларија Инвест Македонија – Албанија и Косово е да се истражат можностите на туристичките бизниси на двете земји и да се воспостави долгорочна соработка
OhridNews












