Економската криза сериозно му се заканува на туризмот во земјава предупредуваат туристичките работници. Тие објавија дека 20% од планираните аранжмани за 2009 година се откажани, а стравуваат дека тој процент ќе расте поради светската економска криза.

Поради тоа хотелиерите бараат Владата да го намали ДДВ-то за туристичката дејност од 18% на 5%. Ваквата мерка според нив барем малку ќе го амортизира ударот од економската криза. Еден од начините да се направи тоа е на туризмот конечно да му се признае извозната дејност, велат хотелиерите.

Државниот завод за статистика вчера соопшти дека во јануари годинава земјава ја посетиле 32.943 туристи или 4,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, а остварени биле 77.994 ноќевања што е за 1,5 процент помалку во однос на јануари 2008 година.

Ohridnews