Агенцијата за промоција на туризмот, туристичките потенцијали на Охрид и Македонија ги презентираше на Меѓународниот саем за туризам во Љубљана- Словенија што се одржа од 27-30 јануари.

На брендиран штанд Macedonia timeless  се презентираа културните и природните атрактивности на земјата пред потенцијалните туристи од Словенија.


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оствари средба со преставници на туроператорот Компас Словенија,  кој ја продава Македонија. Преставниците го информирале  директорот дека се поголем е интересот за Македонија, при што се размислува да се реализира чартер лет Љубљана – Охрид почнувајќи од 1- ви мај. Во тој контекст Агенцијата за промоција ќе помогне во реализација на овие активности преку засилена промоција на пазарот во Словенија.


На саемот учествуваа и неколку македонски хотелиери и агенции кои остварија контакт со своите колеги од Словенија.

Презентирањето на саемот во Љубљана се реализира во соработка со македонската амбасада во Љубљана.  

OhridNews