Екипата на Кафе бар 9 е последниот патник во нокаут фазата на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во мајсторката што се одигра вечерва, Кафе бар 9 после изведувањето пенали со 3:2 ја совлада екипата на Бел Мерцедес, откако во регуларниот тек мечот заврши 1:1.

Екипата на Кафе бар 9 е последниот патник во нокаут фазата

Вечерва се одиграа и две средби од осминафиналето. Екипата на Аце Најдески со 3:1 ја совлада екипата на Здружение на возачи Ресен, додека АСП ПАК со 3:0 беа подобри од Гранит Х.

Екипите на Аце Најдески и АСП ПАК четвртфиналисти на турнирот Петровден – Мешеишта

Турнирот продолжува во понеделник со две средби од осминафиналето.

Распоред на натпревари 07.07.2025, понеделник

21:00 Хотел и спа Инекс Олгица – Мексико
22:00 Кафе бар Коко – Вила Мина Ќе има се

Г.М.