На турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта, синоќа на програмата беа три натпревари. Се одигра само средбата помеѓу Бел Мерцедес и Хотел и спа Инекс Олгица 0:2, додека другите две беа регистрирани со службен резултат.
Резултати 02.07.2025, среда
Др. Баткоски – АСП ПАК 03 (службено)
Чардак Велгошти – Типлери 3:0 (службено)
Бел Мерцедес – Хотел и спа Инекс Олгица 0:2.
Организациониот oдбор на tурнирот „Петровден 2025“ соопшти дека екипата на Др Баткоски е исклучена од понатамошно учество на турнирот, поради, како што се наведува, сериозни прекршувања на дисциплинските правила и непочитување на донесените одлуки.
На натпреварот против екипата Чардак Велгошти, играчот Филип Баткоски беше исклучен од игра, при што во текот на инцидентот вербално, со навредливи и недолични изрази, се пресмета со главниот судија Марјан Ецкоски, како и со членовите на Организациониот одбор на турнирот.
Врз основа на сериозноста на прекршокот, Организациониот одбор донесе едногласна одлука да му изрече на играчот Филип Баткоски суспензија од два натпревари.
На следниот натпревар против екипата АСП-ПАК, екипата на Др Баткоски се појави на теренот со ултимативни барања: или да биде намалена суспензијата на нивниот играч на само еден натпревар, или ќе го напуштат теренот. Со овој чин, тимот демонстрираше отворено непочитување кон турнирските правила и интегритетот на натпреварувањето.
Поради ваквото однесување и непочитување на донесените одлуки, Организациониот одбор донесе конечна одлука:
Екипата на Др Баткоски е дисквалификувана од натамошното натпреварување на турнирот „Петровден 2025“.Организациониот одбор останува посветен на фер-плеј принципите, дисциплината и почитувањето на спортскиот дух како основни вредности на турнирот, стои во соопштението на Организациониот oдбор на tурнирот „Петровден 2025“ .
Денеска на турнирот е слободен ден, а натпреварите продолжуваат во петок.
Распоред на натпревари 04.07.2025, петок
20:30 Сатеска – Граник Х
21:3 Бел Мерцедес – Кафе бар 9
22:30 Мешеишта – Здружение на возачи Ресен
OhridNews