Турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта 2026“ продолжи со нови возбудувања во групната фаза, а вечерта ја одбележаа убедливата победа на „Охридски Бисер Филеви“ и вториот триумф на „Нова-пор“ на годинашното издание.
Во дербито од Групата Ц, „Нова-пор“ го совлада „Дооел Ноче“ со 3:1 и со новите три бода ја потврди добрата форма по успешниот старт на турнирот. На вториот меч од истата група, „БЗ Груп Струга“ службено го доби натпреварот против „Виена Комерц“ со 3:0.
На последната средба од програмата, „Охридски Бисер Филеви“ беше убедлив против „Аце Најдески“, славејќи со 6:1 во натпревар од Групата Д.
Турнирот продолжува вечерва со три нови натпревари. Програмата ја отвораат „Др. Баткоски“ и „Киоск Кај Бироно“ од Групата Х (20:30 часот), по што следува дуелот меѓу „Кибо Пласт“ и „Студио 13 Ресен“ од Групата Е (21:30 часот). Вечерта ќе биде затворена со натпреварот од Групата Г помеѓу „Чардак Велгошти“ и „Оровник“, со почеток во 22:30 часот.
OhridNews












