Со три натпревари од 1/8 финалето, синоќа, почна елиминациската фаза од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Пласман во следната рунда обезбедија екипите на Гранит Х,  Ресен и екипата на Кибо Пласт која меѓу осумте најдобри стигна по дожд и пенали.

Резултати 30.07.2025, среда

Форт кафе – Гранит Х 2:5

Ресен – Аце Најдески 2:0

Кибо Пласт – Мартиник мебел 2:2 (3:2)

Турнирот продолжува во четврток со четири натпревари од 1/8 финалето каде ќе се сретнат ланските финалисти Кафе бар 9 и Бел Мерцедес.

Распоред на натпревари 31.07.2025, четврток 

20:00 АСП ПАК – Топлина

21:00 Кафе бар 9 – Бел Мерцедес

22:00 Чардак Велгошти – Стоматолошки центар Др. Баткоски

23:00 Сатеска  – Б3 Груп

Г.М.