Екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Коко обезбедија пласман во полуфиналето на јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта.

Во интересен и возбудлив натпревар што се одиграа пред полни трибини на игралиштето за мал фудбал во Мешеишта, синоќа, АСП ПАК ја совлада екипата на Кампинг Љубаништа со 3:2.

Во последниот четвртфинален натпревар, освојувачот на турнирот од минатата година, екипата на Сатеска, беше поразена од Кафе Бар Коко со 1:3.

Резултати 1/4 финале, четврток 10.07.2025

Асп Пак – Кампинг Љубаништа 3-2
Сатеска – Кафе Бар Коко 1-3

Полуфиналните натпревари се играат вечерва, а финалето утре вечер.

1/2финале, петок 11.07.2025

21:00 Асп Пак – Кафе бар 9
22:00 Кафе Бар Коко – Инекс Олгица Хотел и Спа

Г.М.