Турска делегација, предводена од претставници на парламентот на Анкара, сопственици на хотели во Анталија и претставници на здруженија на жени, денес беа во посета на Општина Охрид.

Во рамки на посетата, со претседателот на советот Душко Јаковчески и советникот Кујтим Усејни беше разговарано за соработка меѓу двата града и за можното инвестирање во Охрид од страна на бизнисмените.

Гостите присуствуваа и на настапот на учениците во ОУ “Братство Единство”.

OhridNews