Турска делегација предводена од Кадир Јунал, градоначалник на Јеничифлик и претставници од универзитетот Билкент и претседателот на здруженијата во Турција, Ферхад Акгул, беа во посета на Општина Охрид. Во рамки на својата посета тие ја посетија детската градинка во Лескајца и ОУ „Братство и единство“.

По разгледувањето на градинката, ја посетија и локалната самоуправа каде остварија средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески и советникот Кујтим Усејни. При тоа, беше покрената инцијатива за збратимување на Охрид и Јеничифлик, за економска соработка меѓу овие два града, а исто така беше покрената инцицијатива и за донација во сферата на образованието.

OhridNews