Телевизија Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија, пренесува „Телма“. За концесијата конкурирале и Канал 77 од Штип, кој медиум наместо концесија за работа на државно ниво доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“.

Советот за радидофизија соопшти дека од 1 јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските оператори.

OhridNews