Во периодот од 27 март до 26 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе засилени теренски контроли за фискализација на територијата на државата при што биле извршени вкупно 257 контроли.

Од низ 59 биле на трговски, 118 на угостителски, 78 во услужни и 2 во објекти од дејноста игри на среќа. Од вкупниот број контроли, кај 118 објекти не биле утврдени неправилности, а биле изречени 139 санкции. Во пет случаи биле преземени мерки за привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување на објектите.

Најголем број контроли биле спроведени во Скопје, Тетово и Куманово. Во Охрид биле извршени 9 контроли и утврдени 3 неправилности.

OhridNews