Во “Карловочката банка“ е направен криминал од 11 милиони евра, а токму Шола е директор на Управниот одбор. Тој е задржан на испитување, а почетокот на завршницата во СЕХА лигата е доведен под знак прашалник.
В петок во Скопје ќе започне разврската во СЕХА лигата за оваа сезона, во полуфиналето ќе се сретнат Металург – Вардар и Загреб – Брест Мешков.
Времето е кратко и од врвот на СЕХА лигата мора брзо да реагираат за да се одржи завршницата иначе би пукнал голем срам за ракометот на балканските простори.