Охридското Езеро кое деновиве бележи зголемен водостој на површина го извади целото ѓубре што таму го фрлил човекот. Отпадоци од амбалажа, пластични шишиња, па дури и гајби пловат покрај кејот каде шетаат туристите и охриѓани.
Пловечкиот отпад ја засени и убавината на штотуку родените лебедчиња, кои единствено не се вклопуваа во грдата слика покрај езерскиот брег.
Надлежните служби редовно го чистат кејот и крајбрежјето од отпад, но очигледно не можат да исчистат колку што несовесните граѓани можат да фрлаат отпадоци.
OhridNews















