Пејсажи, ахеолошките локалитети и духовните светилишта од Охрид, се дел од документарниот лобистички филм за Македонија „Име си е име“ на режисерот Сигурјон Еинарсон, кој премиерно ќе биде прикажан во Вашингтон на 1 февруари.

„Име си е име“ е патепис создаден врз база на сознанија, но и седумесечен престој на авторот во Република Македонија. Филмот е за група луѓе кои се нарекуваат Македонци, нацијата која е во заложништво поради своето име. Приказната е за еден Скандинавец кој доаѓа во Македонија, изнајмува мотоцикл и патува низ земјата разговарајќи со луѓе од сите класи и средини. Во филмот доминираат преубавите пејзажи на земјата, историските и археолошките локалитети, духовните светилишта, градовите и селата… Музиката ја напиша Мортен Харкет, познат како фронтмен на норвешката група „А-ха“, а продуцент е Џејсон Мико.

Премиерата на филмот ќе се одржи со помош на невладината организација на македонското иселеништво во САД, Обединета македонска дијаспора. Се очекува да присуствуаат политичари, претставници од американскиот конгрес и дипломатскиот кор, како и Македонци кои живеат во Вашингтон.

Првата презентација на „Име си е име“ што требаше да се одржи во резиденцијата на амбасадорот на Исланд во Вашингтон, минатата година во ноември, беше откажана по силниот притисок на високи грчки дипломати.

Ohridnews