Во најновиот објавен текст на интернет страната на National Geographic Охрид се вбројува во десетте природни и исторски богатства на Македонија кои треба да се видат.  
Чувството при престојот во Охрид во текстот се поистоветува со чувството кога се наоѓаш некаде на Медитеранот.

Во текстот се наведува дека Охридското езеро е едно од најстарите езера во светот и дека градот Охрид е една од најстарите населби во Европа, како и дека е под заштита на УНЕСКО. Се спомнуваат бројните цркви и манастири, меѓу кои се истакнуваат црквата Свети Јован Канео и црквата на Плаошник, а авторот се осврнува и на убавините на националниот парк Галичица.

Поопширниот текст за Македонија, во кој секако значаен дел зазема и националната кујна и пијалоци како што е ракијата, завршува со македонското гостопримство и желбата за меѓусебно дружење.

OhridNews

Explore 10 of Macedonia’s Top Natural and Historic Treasures