Деновиве, познатиот турски телевизиски сервис „SKY TURK 360“ објави репортажа за убавините и специфичните урбани трендови во Охрид.

Како што информираат од општина Охрид, турискиот аудиториум во живо го следел обраќањето на репортерот на турската телевизија, кој зборувал за реткиот спој на  културното и природното наследство во градот.

Најпрепознатливиот бренд земјава пред турската јавност е презентиран како можност за уживање во неповторливата глетка кон охридската ривиера.

OhridNews