Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ продолжи со два интересни натпревари во кои „Св. Троица“ и „Охридски бисер Филеви“ запишаа победи.
Во првиот меч, екипата на Св. Троица беше убедлива против Дооел Ноче, славејќи со 4:0.
Повеќе неизвесност донесе вториот натпревар, во кој Милама-Дим и Охридски бисер Филеви одиграа 1:1 во регуларниот тек. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде подобра беше екипата на Охридски бисер Филеви, која триумфираше со 2:1.
Недела, 26 јули е слободен ден, а натпреварите на турнирот ќе продолжат според предвидениот распоред по еднодневната пауза.
OhridNews













