Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, однесе убедлива победа на парламентарните, покраински и локални избори, што денеска се одржаа во Србија.

Со излезност од околу 50%, партијата на Вучиќ освои нешто над 2 милиони гласови, од околу 3,3 колку што  според првичните информации гласале на изборите.

Пратеници освоија само уште две партии, Социјалистичката на Дачиќ и листата предводена од Александар Шапиќ.

Изборите ги бојкотираше дел од опозицијата.

OhridNews