Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод јубилејот 75 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ослободителна ударна пролетерска бригада (МКНОУПБ) на 11 ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ “Дебрца”, организира свечаност што ќе се одржи на 9-ти ноември.

По тој повод во село Сливово ќе се положи свежо цвеќе на споменикот од НОБ, каде ќе се обратат претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески и Наце Иваноски, професор по историја, кој ќе говори за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата. Ќе се посети и спомен домот, ликовната изложба во ОУ “Дебрца” во Белчишта, а свечената програма по повод Патрониот празник на ОУ “Дебрца” во Белчишта ќе започне во 12 часот.

OhridNews