Немилиот настан се случил вечерва околу 20 часот. Неофицијално жртвата е повозрасна жена, која била нападнaта од засега непознато лице, најверојатно при обид за грабеж.

На местото на настанот во тек е увид. 

Полицијата засега не соопштува никакви детали за случајот. Само кусо информираат дека ќе ја известат јавноста по целосното  завршување на увидот.

OhridNews