Денеска во 17,20 ч. телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул .„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М.С.(64) од Кичево.

Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош.

На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews