Подготвени бесплатни оброци за семејства од социјално ранливите категории во Охрид од страна на учениците од училиштето „Ванчо Питошески“. Истите по подготвувањето беа доставени до домовите на семејствата.

Учениците од образовните профили готвач и угостителски техничар, приготвија бесплатни оброци за социјално ранливите семејства. Покрај оваа хуманитарна активност беа реализирани и низа други активности во рамките на училишниот проект, информираат од училиштето.

Оваа активност на учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“- Охрид беше спроведена во рамките на  проектот „Училишна иницијатива“.

OhridNews