Учениците од ООУ „Григор Прличев“ постигнаа извонредни резултати на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во Скопје. Теодора Наумова од VIII одд. се круниса со наградата – државен првак со максимални 100 бода под менторство на проф. Билјана Николоска. Училиштето доби уште еден државен првак во седмо одделение, и тоа Доца Секулоска под менторство на проф. Кире Стојаноски.

Јана Стојаноска и Јана Дамеска од VI одд. освоија втора награда под менторство на проф. Сузана Маленкова, а Марко Томоски од VII одд. втора награда (трето место) под менторство на проф. Кире Стојаноски. Ангела Стефаноска од VIII одд. освои благодарница за учество под менторство на проф. Билјана Николоска, додека Елена Секулоска од IX одд. освои втора награда под менторство на проф. Лилјана Ставреска, а Ели Богоевска благодарница.

Успехот не е случаен, се должи на огромна посветеност и труд. Љубовта кон македонскиот јазик учениците ја покажаа на најдобар начин со помош и поддршка од нивните наставници. Честитки и им посакуваме успех и понатаму!, додаваат од училиштето.

OhridNews