На 24- от по ред Државен натпревар по информатика, одржан викендов во Скопје, меѓу најдобрите учесници беа и двајца ученици од охридската гимназија.

Во силна конкуренција, во иста група со ученици од прва до четврта година, охриѓаните Виктор Домазетоски од втора година и Наум Шапкаровски од прва година добија пофалници.

Учениците се натпреваруваа под менторство на професорката Жаклина Лазаревска.

OhridNews