Четвртоодделенците од ОУ „Братство и Единство“ денес беа во посета на локалната самоуправа каде во улога на домаќин ги пречека градоначалникот Јован Стојаноски. Во големата општинска сала одговарајќи на прашања од учениците, градоначалникот ги запознаваше со начинот и функционирањето на локалната самоуправа.

Учениците беа гости и во кабинетот на градоначалникот, а ги  посетија и останатите служби на општинската администрација.

Посетите на ученици во општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.

OhridNews