Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваа на шестиот меѓународен натпревар на електротехнички/машински училишта што се одржа во Лабин-Хрватска и остварија високи резултати. Со своите врсници од повеќе земји, се натпреваруваа Бојан Јованоски и Филип Спростран (под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Љупчо Балески и Јулијана Петреска) и го освоија петтото место.

Следната година ова охридско училиште ја има честа да биде организатор на натпреварот, што симболично беше претставено преку традиционално примопредавање на знамето на „БАЛКАН ЈУНИОР“, од страна на директорот на училиштето во Лабин, проф. Чедомир Ружиќ, на вд.директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, проф. Сашо Недески.

Инаку, на натпреварот учествуваа технички училишта од: Лабин (Хрватска), Ваљево (Србија), Тешањ ( Босна и Херцеговина), Никшиќ (Црна Гора), Истанбул (Турција), Констанца (Романија), Велење (Р. Слованија) и Охрид (Р. Македонија). Со овој проект земјите се поврзуваат во областа на електротехниката и машинството, се разменуваат искуства, се унапредува меѓукултурната соработка, се запознаваат со системот на образование и начинот на живот во другите држави. Целта е да се подигне нивото на знаења и компетенции на учениците и професорите во средните стручни училишта. Собир е на млади и креативни луѓе кои разменуваат знаења и искуство.

Најатрактивен дел од натпреварувањето е практичниот дел. Овој пат, учениците имаа задача да склопат и програмираат кола-робот наречен „Балкан КАРИЌ“, кој следи одредена патека и заобиколува препреки.

OhridNews