На „CodeCUP 2017“ што се одржа деновиве на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, одличен успех забележаа средношколците од Струга и Охрид.
Првото место со проектот „Игра собирање на пехари“ го освои тимот од СОУ „Нико Нестор“ – Струга (Лирим Бектеши-ментор, тим: Махир Мерсимоски и Амир Ајдиноски). Второто место им припадна на учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид со проект „Апликација рент а кар“ (Јулијана Петреска – ментор, тим: Александар Дукадиноски и Филип Јосифоски), а третонаграден проект беше „Платформа за споделување и уредување слики и 3D проекти“ за тимот од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп (Анкица Стеваноска Јанческа – ментор, тим: Димитар Милески).
Првонаградениот тим и менторот добија таблети, второнаградениот Android TV BOX, а третонаградениот ранци и маус.
Исто така наградените тимови од 1-3 место добија ослободување од партиципација за првата година студирање, а на сите учесниcи им беа врачени сертификати.
OhridNews












