Девет од 12 политички партии кои ќе учествуваат на претстојните локални избори во Охрид, денеска потпишаа Декларација за изборно достоинство, што ја иницираше СДУ.


„Тргнавме од потребата Охрид – градот на културата, писменоста и општоцивилизациските вредности, на овој начин пред домашната и светската јавност да емитува пораки својствени на неговите славни историски и културолошки традиции од една, односно политичко однесување соодветно на раазвиената западна деморкатија, од друга страна“, стои меѓу другото во декларацијата.


Политичките партии со потпишување на Декларацијата се заложија да го штитат и унaпредуваат достоинството на Охрид и да не го валкаат неговото славно минато како град од кој потекнала словенста писменост. Партиите ветија високо ниво на политичка култура и однесување за време на изборната кампања. Со Декларацијата, партиите гарантираат празнична и свечена атмосфера на денот на изборите и се обврзаа да ги елиминираат сите појави и манифестации со кои се загрозува изборниот процес.


На потпишувањето на Декларацијата не присуствуваа претствници на НСДП, Нова Демократија и на коалицијата ВМРО ДП – ТМРО -ВЕП.

Ohridnews