Фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е “помилуван“ од УЕФА и ќе може да се сретне со Меси и Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.


Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон на првиот осминафинален меч одигран на “Местаља“ против Валенсија. Швеѓанецот беше суспендиран два натпревари, а одлежа само еден, реваншот од 1/8 финалето.

Со ваквиот тренд УЕФА ги дискриминира одлуките на судиите, кои на крајот се покажуваат како грешни. Истиот случај УЕФА го направи со португалскиот фудбалер Нани, кој заработи директен црвен картон на натпреварот Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид, а казнет е само еден натпревар.

Според правилата за директен црвен картон фудбалерот паузира минимум два мечеви, а во зависност од стартот може и повеќе.

Мх.П.