Десеткраниот освојувач на титулата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар се соочува со двогодишна забрана за настап во европските натпреварувања. Дисциплинската комисија во УЕФА задолжена за финансискиот фер плеј го суспендираше македонскиот клуб и бугарскиот Левски Софија, додека Спортинг Лисабон помина само финансиски.

Скопските „црвено црни“ се најдоа во небрано и да ја избегнат казната ќе мора да ги платат заостанатите долгови и дополнителни 100 000 евра, како казна за непочитувањето на договорот. УЕФА не го откри долгот на Вардар.

Слична суспензија како Вардар доби и Левски од Софија кој исто така ги подмирено сметките во УЕФА, а парична казна во висина од 50 000 евра доби Спортинг Лисабон, но без најава за суспензија.

Ваквиот развој на настаните ќе биде дополнителен товар за клубот, кој како што е познато заостанати долгови има кон сегашните и поранешните фудбалери. Учеството во фазата во групите во Лигата на Европа му донесе историско место на Вардар во македонскиот фудбал, но и сериозни проблеми, кои и тоа како можат да влијаат на понатамошниот тек на клубот.

OhridNews