Актуелниот македонски првак Шкендија е казнета со 25000 евра поради истакнување транспаренти со националистичка и навредлива содржина како и поради фрлање на пиротехнички средства на натпреварот од 2-то квалификациски коло од ЛШ со белградски Партизан, одигран на Филип Втори во Скопје.


Казната следи по пријавата од делагатот на мечот, Австриецот Кристијан Шмолцер, но и по комплетирањето на сите доказни средства и видео материјали од средбата. Од раководството на тетовци најавуваат дека денеска ќе испратат жалба до УЕФА на ваквата одлука, меѓутоа согласно досегашното искуство мали се шансите истата да биде изменета.

Ohridnews