Туристичко – угостителската комора ќе формира работна група која ќе ги  изготви предлозите за измени и дополнувања на Законот за заштита од пушење. Работната група која ќе биде составена  од реномирани угостители, познавачи на македонскиот угостителски сектор и  правници, ќе работи на подготовка на конкретни  предлози за измени и дополнувања на Законот за заштита од пушење.

Изготвените предлози ќе бидат доставени до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, која иницираше измени и дополнувања на Законот за заштита од пушење, до Владата на Република Македонија и до соодветните министерства.

Туристичко – угостителската комора  и натаму останува на ставот дека со  Европски модели за дополнување на Законот заедно со надлежните Угостителскиот сектор ќе може да спаси целосен колапс. Тие се надеваат дека во интерес на Туристичко угостителскиот сектор во Македонија, ќе наидат на разбирање од страна на надлежните  институции и дека ќе се изнајде најсоодветно и најприфатливо решение, со цел да се избегнат најавените отпуштања на вработените.

Ohridnews