Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, се најавуваат врнежи од дожд, на места поројни и пообилни и повремено придружувани со засилен ветер (на места над 70 km/h), предупредува во вонредната прогноза издадена вечерва Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.

Кај поголемите водотеци (иако ќе има зголемување на водостојот) не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања. Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава. – најавува УХМР.

На граѓаните и се препорачува внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и на претпазливост на сите оние места каде во текот на ноќта и утрешниот ден се највуваат поројни врнежи од дожд.

OhridNews