За време на викендот во попладневните часови од денот ќе преовладува нестабилно време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.
Иако не се очекуваат поголеми излевања, УХМР предупредува на внимателност при движењето покрај реки и суводолици.
На места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта. Исто така можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интезивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на викендот, особено за време на попладневните часови од денот. – алармира УХМР.
OhridNews











