Министерството за информатичко општетство и администрација ќе соработува со седум универзитети во земјава во областите јавна администрација, информатичко-комуникациски технологии и медиуми.

Алиу изјави дека МИОА има активни закони за креирање систем поврзан со областите во кои ќе се соработува и дека тоа не може да се спроведе без вклученост на универзитетите.
По овој меморандум цениме дека ќе имаме заеднички настапи, и од аспект на креирање нови политики, но и од аспект на имплементирање на постојните законски решенија на ниво на државата. Нашите студенти и универзитетски предавачи сега ќе имаат можност да се вклучат во широк спектар на заеднички активности, како што се продлабочувањето на соработката меѓу наставниците и вработените во МИОА во правец на размената на искуства и знаења, изготвување законски решенија и нивно успешно спроведување, заеднички истражувачки напори, учество и организација на семинари, конференции и различни академски активности. Се надевам дека е ова само прв чекор каде што МИОА заедно со универзитетите ќе креираат нови вредности во државата, изјави Алиу по потпишувањето на меморандумот.
Стремежот според Алиу е универзитетите во државава да бидат целосно вклучени во Алијансата на европските универзитети.
OhridNews














