„Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Мукоски, обвинет за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, решение со кое ја уважил жалбата на обвинетиот, изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор“, информираат д Судот.

Во соопштението се додава дека на Мукоски куќниот притвор му е заменет со мерки за претпазливост – одземање патна исправа, односно забрана за издавање нова и обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга.

Апелациониот суд неделава им го укина домашниот притвор и на охридските пратеници од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, обвинети во предметот за настаните од 27 април.

OhridNews