Државниот инспекторат за храна донесе одлука со која се укинува забраната за употреба на вода од градскиот водовод во Струга. Одлуката уследи откако три последователни контроли кои ги изврши Центарот за јавно здравје покажале присуство на хлор во потребните количини и отсуство на бактерии.

Минатата недела инспекторатот донесе забрана за користење на водата од струшкиот водовод, откако при извршените анализи на регионалниот центар за јаво здравје покажаа присуство на колиформни бактерии опасни по здравјето на луѓето. Причина за тоа, како што изјавија тогаш од ЈП Водовод Струга бил недостиг на хлор. Во меѓувреме биле набавени потребните хемикалии и извршено е прочистување на водата, по што уследи укинувањето на забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга.

OhridNews