Забрани за тешки товарни возила утрово има има на патните правци Тетово – Попова Шапка и крак Маврово – Дебар. Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир во 09:15 часот, информираат од АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенцијата на дежурните екипи од Македонија Пат.

АМСМ препорачува поради обилниТЕ снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел од земјата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

OhridNews