Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казненото дело „фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од охридското село Лескоец и 32-годишно лице од селото Долно Лакочереј.
Првопријавениот е поврзан со извршување и на казненото дело „одземање моторно возило“ а второпријавениот за „поттикнување“, информира полицијата.
Во текот на октомври 2020 година, првопријавениот, од гаража во селото Лескоец, одзел Крос моторцикл марка „Јамаха“, сопственост на лице од истото село и го однел во гаража сопственост на второпријавениот. Тука, со подесен алат го промениле постојниот број на шасијата и ставиле друг број кој припаѓал на друг „Јамаха“ моторцикл. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews












