Жителите од „Егејска“ со апел до надлежните да извршат санација на улицата која со години е раскопана и со дупки. Истовремено, голем дел од улицата во вечерните часови е неосветлен и во целосен мрак.

– Долг период ние жителите на „Егејска“ функционираме како да живееме на некое запуштено место, запоставено и за кое никој не води грижа. Имено, околу 100 метри од пресекот со улица „7-ми Ноември“ се целосно неосветлени. Во темница и со страв нашите деца се приморани да доаѓаат од училиште. На тој дел воопшто не постои улично осветлување. Истиот проблем е и на крајот од улицата до пресекот со „ Железничка“, мрак и неосветленост, велат жителите.

Тие додаваат дека движењето по улицата во вечерните часови дополнително го отежнуваат и бројните кучиња скитници, кои особено се бројни во овој дел од градот.

Се надеваат дека надлежните ќе одговорат на нивните барања и ќе преземат соодветни мерки за решавање на наведените проблеми.

OhridNews