И Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Струга, се приклучи кон одбележувањето на „Светскиот ден Против Пушењето“.

Членовите на унијата, акцијата „Остави цигаре земи јаболко“ ја реализираа на отворен штанд во струшката чаршија на кој граѓаните се поттикнуваа да ги остават цигарите, да се погрижат за своето здравје, воведувајќи нови навики и здравствени реформи во својот живот.

Секоја година околу пет милиони луѓе умираат поради тоа што користат тутунски производи. Дополнително, 600.000 луѓе умираат поради секундарна изложеност на тутунскиот чад.

Секоја година на 31 мај, светот го одбележува овој ден со цел да ја покрене јавната свест за штетноста од цигарите, но и да се присети на жртвите кои починаа од црниот отров – тутунот. На овој ден се препорачува 24 часовна апстиненција од цигарите, а ако можете денес, ќе можете и утре.

OhridNews