Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Одлуката треба да биде донесена на 48-та сесија што се одржува во Бусан, Јужна Кореја, а врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на Охридњуз во врска со очекувањето на одлуката од УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион по последниот предлог на Комисијата за светско наследствоз заштитеното културно и природно богатство на Охрид да се стави на листа на универзални вредности во опасност посочи дека бараат од УНЕСКО период од шест години во којшто сите забелешки кои се констатирани од минатото за Охридскиот регион ќе може да се исправат.
Инаку, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и минатата година на 47. сесија во Нацрт-одлуката предложи Охридскиот Регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност, но по амандманот поднесен од Владата, на Македонија и Албанија им беше даден дополнителен едногодишен рок за спроведување на препораките.
Н.С.Ј.













