Националните и јавни институции во Република Македонија и здруженијата на граѓани ќе можат да поднесат предлог-проекти за реализација на активности од областа на културата, во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО.

Предлог-проектите треба да бидат во согласност со одредбите од Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања.

Од Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија информираат дека апликациите може да се доставуваат  до 15 април 2015 година, а јасни и прецизни информации може да се најдат на интернет-страницата на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply

Сите апликации треба да бидат испратени преку официјалната интернет-платформа и другите форми на доставување на проектите нема да бидат прифатени.

Инаку секоја држава–членка на  УНЕСКО може да поднесе  4 предлог-проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓани) и во таа насока, Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија ќе изврши онлајн претселекција на пријавените апликации, а конечниот избор ќе го направи Меѓународниот комитет на оваа конвенција при УНЕСКО во декември 2015 година.

OhridNews