Во пресрет на 12-ти август интернационалниот ден на млади, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности, каде што младите ќе можат да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат.

  • Во таа насока во периодот од 9-ти август до 11-ти август организираме летна школа на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на која што ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети и ќе научат повеќе за дипломатијата, ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе емитуваме и исто така проекција на филм, традиционално ќе го организираме маршот на Беласица во чест на петте струмички студенти кои се убиени од комунистичкиот режим. Ќе се искачуваме до местото каде што се тие убиени. И исто така Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на акцијата „ретвитни оброк“, рече на денешната прес конференција во Охрид, Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Како што рече Јаулески, денес, од Охрид, во организација на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започнат приклучувањето кон акцијата со тоа што ќе поделат неколку десетици оброци на бездомните лица, а истото ќе се направи во повеќето општински комитети во Република Македонија.